Македонската кошаркарска федерација (МКФ) од 17 до 26 август во 2017 година ќе биде домаќин на Европското првенство за кошаркарки до 16 години.
– Денеска на Бордот на Европската кошаркарска федерација (ФИБА Европа) одржан во Истанбул е одлучено МКФ да биде домаќин на едно ЕП во младинска конкуренција, да ја добие организацијата на Европскиот шампионат за кошаркарки до 16 години, соопштија од МКФ.
На Бордот на ФИБА Европа во Истанбул беа одредени и домаќините на младинските првенства во другите категории во машка и во женска конкуренција.