ПССЕ очекува фер и демократски избори во Македонија

Од:

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за проценка на изборната кампања и политичката состојба во Македонија.

Делегацијата на ПССЕ, во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември 2016 година, е предводена од австрискиот пратеник Стефан Шенах.

На средбата, како што се наведува во соопштението на МНР, биле разменети мислења за престојните избори и очекувањата од нив. Биле изразени очекувања за добар изборен процес и била истакната важноста од спроведување фер и демократски избори.

Попоски, како што се наведува, ги повторил позитивните искуства од мониторингот на бројни изборни циклуси во минатото од страна на релевантните меѓународни организации и во овој контекст ја истакнал и улогата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар