Со седум освоени медали се враќаат пливачите на клубот БЕТА од меѓународниот натпревар „Марко Соранцио“ одржан викендот во Трст, Италија.
Јана Милковска освои три злата и една бронза и тоа: прво место во дисциплините 100 метри делфин, 50 метри делфин и 50 метри слободно и трето место во дисциплината 100 метри слободно.
Стефан Цветковски се закити со две злата и една бронза: прво место во дисциплините 50 метри делфин и 50 метри грбно и трето место во дисциплината 100 метри делфин.
На трките учествуваа 720 пливачи од 33 клубови од пет земји.