Илјадници Кипарци се вклучија во митинг за поддршка на обединување на островот

Од:

Илјадници кипарски Турци и кипарски Грци се приклучија на синоќешниот митинг во тампон-зоната во Никозија која е под контрола на ОН, со цел да дадат поддршка на преговорите водени од лидерите на двете страни за обединување на островот, пишува весникот „Сајпрес мејл“.

Организаторите наведоа дека собирот цели да ја покаже подготвеноста на Кипарците и од двете страни за постигнување на договор, кој ќе стави крај на етничката поделба.

– Ние сме тука за да дадеме поддршка за мир, истакна Ајтан Џанур.

– Се надеваме дека ќе се случи нешто со кое ќе се стави крај на разделеноста, посочи тој.

Софоклес Хаѕисофоклеус изрази загриженост дека ако не биде најдено решение наскоро, можеби островот ќе остане разделен засекогаш.

ОН, претходно денеска соопшти дека лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци ги завршија преговорите во Швајцарија без да постигнат договор за територијалното прашање и без да определат датум за нова средба.

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци Мустафа Аканџа, кои водат преговори од мај 2015 година, се сретнаа во неделата во луксузен хотел во Мон Пелрен, над езерото Леман, каде претходно преговараа од 7 до 11 ноември под покровителство на пратеникот на ОН за Кипар Еспен Барт Ајде.

Кипар е разделен од 1974 година, кога турската војска упадна во северниот дел на островот по грчкиот државен удар кој беше извршен со цел Кипар да биде присоединет кон Грција.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ