Минимален пад на АТП листата на македонските тенисери

Од:

Македонските тенисери на вчерашната ранг листа на АТП имаат мал пад во однос на претходната недела.

Томислав Јотовски и натаму е најдобро рангиран македонски играч на 769 место со 26 поени, Димитар Грабул се наоѓа на 998 место со 11 поени. Горазд Србљак се наоѓа на 1.270 место со 5 поени, додека Бојан Јанкуловски и Стефан Мицов имаат еден поен (Јанкуловски – 1.648 место, Мицов – 2.072 место).

Во конкуренција на двојки, Јотовски се наоѓа на 628 место со 24 поени, додека пласман имаат уште Предраг Русевски и Мицов.

По завршениот Мастерс во Лондон познати се првите 10 места за 2016 година. Во топ 10 се наоѓаат: Енди Мареј (12.685 поени); Новак Ѓоковиќ (11.780); Милош Раониќ (5.450); Стан Вавринка (5.315); Кеи Нишикори (4.905); Марин Чилиќ (3.650); Гаел Монфис (3.625); Доминик Тим (3.415); Рафаел Надал (3.300) и Томаш Бердих (3.060).

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен