Ѓоковиќ бара промени во системот на натпреварување

Од:

Потребни се промени во форматот на тениските натпреварувања на Олимписките игри, но и во Дејвис Купот, според Новак Ѓоковиќ.

Тој по по победата над Давид Гофан на завршниот мастерс во Лондон се осврна на посакуваната промена на форматот на двете големи натпреварувања, за што тој одамна се залага.

„Мене лично ми одговара овој систем како на завршниот мастерс. Навистина е интересен за гледачите, врвните тенисери можат да се сретнат и повеќе пати на еден турнир… Сметам дека голем број натпреварувања можат да го имаат овој формат со групи од кои потоа се оди во полуфиналето, меѓу нив и Олимписките игри“.

ОИ не се единственото нешто што Новак Ѓоковиќ би го променил, тука е и Дејвис Купот, на кој дефинитивно му е потребно „освежување“. Тамошниот естаблишмент сепак не сака промени, ним им одговара и вака, додека врвните тенисери патат и се помалку настапуваат под знамињата на своите татковини.

„Форматот на Дејвис Купот мора да се менува и таа тема веќе подолго време се разгледува, бидејќи врвните тенисери имаат проблем да ги вклопат календарите. А затоа и самото натпреварување пати. Според моето мислење, единствен систем кој би можел да функционира е натпреварувањето да се одржува еднаш годишно. Би требало да трае недела-две, и да има натпреварување по групи. А потоа би се продолжувало од четвртфиналето по стариот систем, со домаќинство и гостување. Но сопственик на Дејвис Купот е Меѓународната тениска организација, а таа баш и не не слуша нас спортистите“, заклучи Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен