Раониќ се избори за полуфинале на Мастерсот

Од:

Канадскиот тенисер Милош Раониќ успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Лондон, откако синоќа во решавачкиот меч од групата го победи Доминик Тим од Австрија.

Тој ја постигна втората победа во групата „Иван Лендл“ совладувајќи го својот ривал со 7:6 (7:5) и 6:3 во сетови.

Во првиот меч од 3.коло од групата Новак Ѓоковиќ гопобеди Давид Гофин со 6:1 и 6:2 во сетови и со тоа го потврди првото место во групата.

Во групата „Џон Мекинро“ денеска се играат последните два меча: Енди Мареј – Стан Вавринка (почеток во 15 часот) и Кеи Нишикори – Марин Чилиќ (почеток во 21 часот).

Табела група „Џон Мекинро“: Мареј 2-0 (победи-порази), Кеи Нишикори 1-1, Стан Вавринка 1-1, Марин Чилиќ 0-2.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен