Убедлива победа на Ѓоковиќ над Гофан

Од:

Србинот Новак Ѓоковиќ ја оствари и третата победа ба завршниот турнир од АТП Мартерс серијата која се одржува во „О2“ арената во Лондон.

Во првиот меч од последното 3.коло во групата „Иван Лендл“ Ѓковиќ за само 1 час и 10 минути игра во два сета 2:0 го совлада Давид Гофан од Белгија кој на финалниот турнир влезе како замена за Французинот, Монфис кој по двата порази се откажа од понатамошните натпревари.

Второ рангираниот на АТП листата Ѓоковиќ во првиот сет му препушти само еден гем на противникот (6-1), додека во вториот еден повеќе (6-2).

Со оваа победа Ѓоковиќ го потврди првото место во својата група, па во полуфиналето ќе игра со второ пласираниот од групата „Џон Мекинро“.

А, кој ќе биде второрангиран во групата „Иван Лендил“ ќе биде познато вечерва по директниот дуел меѓу Канаѓанецот, Милош Раониќ и Доминик Тием од Австрија, дуел во кој двајцата тенисери влегуваат со идентичен скор по една победа и пораз.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен