Сирија ги прекина интернет врските ширум земјата, соопштија денеска две американски компании, кои го следат користењето на оваа мрежа.
Сириските опозициски активисти потврдија дека дошло до целосен прекин на интернет врските во земјата, додека во главниот град Дамаск продолжуваат интензивните борби.
Сирискиот режим делумно ги прекина интернет врските откако започна бунтот против претседателот Башар ал Асад пред 20 месеци, но досега никогаш немало целосно исклучување.