Мареј по голема борба го совлада Нишикори и се пласира во полуфиналето

Од:

Британецот Енди Мареј по голема борба го совлада Јапонецот, Кеи Нишикори и се пласира во полуфиналето на завршниот турнир од АТП Мартерс серијата која се одржува во „О2“ арената во Лондон.

Во првиот меч од 2.коло во групата „Џон Мекинро“ светскиот рекет број 1, Мареј по 3 часа и 20 минути игра го победи Нишикори со 2:1 во сетови.

Првиот сет траеше речиси еденипол час, а му припадна на Јапонецот и тоа во тај-брејкот со 11-9 на поени.

И во вториот сет се водеше голема борба. Започна со брејк на Мареј уште во првиот гем, но предноста ја загуби во осмиот кога Нишикори го доби гемот на сервис на противникот за израмнување на 4:4. Мареј возврати веднаш со ри-брејк за водство од 5:4, по што на свој сервис го доби следниот гем за со 6:4 да стигне до израмнување на 1-1 во сетови.

Во решавачкиот трет сет. Мареј направи два брејка на сервис на противникот, што се покажа како клучно во конечниот исход, па добивајќи го сетот со 6:2, го доби и мечот со конечни 2-1 во сетови.

Во вечерашниот термин од 21 часот ќе играат Хрватот, Марин Чилиќ и Станислас Вавринка од Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен