Американските медиуми јавуваат дека на повидок е голема размена во која Пау Гасол би требло да замине во Њујорк, а нов член на Лос Анџелес Лејкерс би станал Амаре Стадемаер.
Сепак, новиот тренер на Лејкерси, Мајк Д’Антони тврди: „Пау е наш човек, тој е дел од системот. Не би комбинирал без него“, изјави тренерот иако сите американски медиуми упорно пишуваат во врска со размената која би ја направиле Лејкерс, а во тој контекст Гасол сигурно ги напушта редовите на Езерџиите.
Нешто порано оваа сезона се зборуваше дека клубот од Лос Анџелес ќе и понуди размена на Атланта, Гасол – Џош Смит. Сепак оваа приказна веќе не е актуелна, а деновиве се појави нова во која повторно е вклучен шпанецот. Гасол би заминал во Никси, додека Стадемаер би се преселил во ЛА. Стадемаер оваа сезона сеуште нема одиграно натпревар за Њујорк поради повредата на левото колено.