ШК Алкалоид ја прослави титулата

Од:

Нa пригодна свеченост синоќа во Скопје, новиот европски шаховски првак, тимот на Алкалоид го прослави најголемиот успех во своето постоење, освојување на трофејот на Европскиот клупски куп, кој минатата недела се одржа во Нови Сад.

Првиот човек на компанијата, Живко Мукаетов, кој е најзаслужниот за успесите на тимот на светската шаховска сцена, во обраќањето до присутните изрази задоволство од постигнатиор резултат во годината кога се прославува осум децении од постоењето на Алкалоид и четири децении од формирањето на клубот.

– Пресреќен сум што сме тука вечерва заедно да прославиме еден огромен успех. Во годината во која „Алкалоид“ како компанија прославува 80 години од своето постоење, а шаховскиот клуб Алкалоид 40-годишнина, остваривме историски успех со освоената титула. Македонија има европски шампион, сите сме многу горди на тоа. Имавме пред себе петгодишен план во кој како крајна цел ја зацртавме европската титула, и самиот сум изненаден што дојдовме до неа нешто порано од очекувањата, но тоа ја прави радоста поголема, изјави Мукаетов.

Историскиот резултат на Алкалоид му го донесоа: Лирен Динг, Дмитри Андрејкин, Павел Елјанов, Дмитри Јаковенко, Јангуи Ју, Јури Криворучко, Трајко Недев и Филип Панчевски.  Капитен на екипата беше Драгољуб Јаќимовиќ.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ