Мареј успешен на стартот на Мастерсот во Лондон

Од:

Најдобриот светски тенисер Енди Мареј со победа го започна настапот на Мастерсот во Лондон. Британецот синоќа беше подобар од хрватскиот тенисер Марин Чилиќ со 2-0.

Во првиот сет Мареј на противникот му пропушти само три гема (6:3), а во вториот беше уште поубедлив и го доби со 6:2.

Претходно, во првиот дуел од А групата, Кеи Нишикори (Јапонија) го совлада Стан Вавринка (Швајцарија) исто така со 2-0, по сетови 6:2 и 6:3.

За денес на програмата се закажани мечевите од 2.коло во Б групата. Двојките се:

15 часот: Гаел Монфилс (Франција) – Доминик Тием (Австрија) и
21 часот: Новак Ѓоковиќ (Србија) – Милош Раониќ (Канада).

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен