Српскиот тенисер и втор светски рекет Новак Ѓоковиќ кој неодамна го загуби првото место на АТП листата, со победа го почна Мастерсот во Лондон.
Тој денес го победи Доминик Тим од Австрија со 2-1, иако го загуби првиот сет на тај-брејк. Следните два сета Србинот ги доби на убедлив начин со 6:0 и 6:2.
— doublefault28 (@doublefault28) November 13, 2016
За Ѓоковиќ ова беше четврти триумф во исто толку мечеви против Тим.
#Djokovic #ATPFinals pic.twitter.com/SMlvRvyg47
— doublefault28 (@doublefault28) November 13, 2016
Вечерва од 21 часот играат Милош Раониќ (Канада) – Гаел Монфилс (Франција).
Мастерсот во Лондон на кој последните четири години до трофејот стигнуваше Ѓоковиќ се игра за награден фонд од 7,5 милиони долари.