Дуелот меѓу Вардар и Кјелце од 6. коло во Б групата на Лигата на шампионите прогласен за меч на колото.
Средбата за двата клуба доаѓа по пораз во претходното коло, Вардар на гостувањето кај ППД Загреб, а Кјелце од Рајн Некар.
Традицијата е на страната на Полјаците, кои победувале на три од вкупно четири натпревари. Лани Вардар на домашен терен го победи Кјелце со 34:24, и тоа е единствен триумф за „црвено-црните“. Полјаците од пет гостувања во Македонија, двапати заминуваа со висок пораз, лани од Вардар, 24:34 и во сезоната 1995/96 при гостувањето кај Пелистер, 19:29.
Овој меч ќе биде интересен од повеќе аспекти: нов дуел на „татко и син”, на Талант Душебаев, тренерот на Кјелце и Алекс Душебаев, десниот бек на Вардар. Долгогодишните соработници на клупата на Сиудад Реал и Атлетико Мадрид, сега ќе бидат на спротивната страна Душебаев против Раул Гонзалез.
Два голмани што биле прогласувани за најдобар светски играч во избор на ИХФ, Арпад Штербик и Славомир Шмал ќе играат еден против друг.
Мечот ќе се одигра попладне во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.