Алкалоид одигра нерешено со Сибир

Од:

Шаховскиот првак на Македонија, тимот на Алкалоид и рускиот шампион Сибир одиграа без победник 3:3 во дебито на 6.коло од Европскиот клупски куп во Нови Сад.

Мечевите на сите табли завршија реми. За Алкалоид на овој дуел настапија: Лирен Динг, Дмитри Андрејкин, Павел Елјанов, Дмитри Јаковенко, Јангји Ју и Јуриј Криворучко.

Со овој резултат по шест одиграни кола Алкалоид се задржа сам на врвот со 11 меч бодови. На табелата следат Медни Всадник, Легаси Сквер Москва, Сибир и Свети Николај Српски со по 10 бода.

Во последното решавачко коло во борбата за медалите се среќаваат:
Алкалоид – Легаси Сквер Москва,
Медни Всадник – Сибир и
Одлар Јурду – Свети Николај Српски.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ