Огромна дупка се отвори среде булевар во близина на главната железничка станица во јужна Јапонија и доведе до прекин на сообраќајот во околната зона.
Дупката се отворила во близина на станицата Хаката во градот Фукуока на јапонскиот остров Кјушу во 5:15 часот по локално време и таа не престанала да се зголемува.
При уривањето, биле пресечени електрични кабли и дошло до прекин на електрината енергија на меѓународниот терминал на аеродромот во градот, кој е на два километри од железничката станица.
Властите почна евакуација на жителите на околните згради, откако се појавија информации дека може и тие да пропаднат. Во регионот се чувствува мирис на гас.
Се препотставува дека причина за инцидентот е изградба на подземна железничка мрежа.