Одредени групите за завршниот Мастерс

Од:

Во Лондон попладнево беа одредени групите за завршниот Мастерс што ќе се игра од 13. до 20. ноември во „О2 Арена“ во овој град. Во групата „Џон Мекинро“ се наоѓа најдобриот светски тенисер од денеска Енди Мареј, а покрај него се уште: Стан Вавринка, Кеи Нишикори и Марин Чилиќ.

Во групата „Иван Лендл“ се наоѓаат: Новак Ѓоковиќ, Милош Раониќ, Гаел Монфис и Доминик Тием.

Во групите ќе се игра по принципот секој со секого, а двајцата првоплсирани од групата ќе играат во полуфиналето.

Последните четири години на овој турнир победува Новак Ѓоковиќ, кој доколку успее да ја одбрани титулата без да загуби меч повторно ќе се врати на позицијата број 1 на АТП листата

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен