Ѓоковиќ се повлекува од тениските терени?!

Од:

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ официјално не e повеќе прв рекет на светот. Таа чест му припадна на феноменалниот Енди Мареј, кој со фуриозен финиш на оваа сезона стигна до посакуваниот трон.

Но во медиумите во соседството таа вест не одекна толку колку што тоа го направи изјавата на Новак по дуелот со Чилиќ, во која потенцираше дека тенисот повеќе не е негова приоритетна цел.

„Приоритети? Постои разлика помеѓу животни и тениски цели. Тенисот не ми е се во животот, приоритет ми е да сум среќен, да имам мир, да бидам исполнет со радост, среќа и љубов од најблиските. Потоа е тенисот, кој се разбира сочинува голем дел од мојот живот, нешто што ме прави весел додека имам инспирација да играм тенис и да ги следат текот на турнирите, ќе бидам каде што сум“, истакна Ѓоковиќ.

Уште од ОИ во Рио не нуди Србинот игра каква што од него се очекува, тој испадна таму во првото коло, а се чини оттогаш се тргна некако наопаку.

Сепак, оваа година и не беше толку лоша со оглед на тоа дека Ноле освои седум титули, од кои два Гренд Слема.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен