Платите на исландските пратеници зголемени за 45 отсто, на 9.000 евра месечно

Од:

Исландските пратеници, кои во Парламентот влегоа по изборите од 29 октомври, ќе имаат 44-процентно зголемување на платата и ќе добиваат по 9.000 евра месечно, пред се, заради гарантирање на  нивната финансиска независност, јавуваат француските медиуми, повикувајќи се на комисијата која ги определува платите во државниот сектор.

Петчлената комисија ја сочинуваат тројца членови назначени од Парламентот, еден од Врховниот суд и еден од министерот за финансии. Нивната задача е да ги определат примањата на пратениците, министрите, судиите и другите државни службеници.

Според комисијата, финансиската независност на пратениците е од фундаментално значење во земјата, потресена од финансиската криза од 2008 година и од скандалот со офшор сметките откриени во аферата „Панамски документи“ во април годинава.

Работата на 63-цата исландски пратеници, избрани со мандат од четири години, нема соодветен репер на пазарот на трудот и нивното досегашно наградување воопшто не го пресметуваше времето кое тие и го посветуваат надвор од Алтингот (Парламентот), посочи комисијата во коминике.

Пиратската партија, која ги критикува злоупотребите на исландската елита, соопшти дека е против овие „шокирачки“ плати.

– Ако го отфрлат зголемувањето, парламентарците ќе упатат јасна порака дека не сакаат да го продлабочуваат јазот меѓу Парламентот и граѓаните, забележа лидерката на „пиратите“ Биргита Јонсдотир на својот профил на Фејсбук. „Неопходно е да се создадаат услови за општествена доверба“, додаде таа.

Предвремените парламентарни избори од изминатиот викенд не дадоа категоричен победник. Досегашната владеачка десница го загуби своето апсолутно мнозинство, а Партијата на независноста стана првата политичка сила на островот. На другиот крај од политичкиот спектар, левоцентристичката коалиција, предводена од Пиратската партија, не успеа да си обезбеди над 50 проценти од гласовите и сега и претстојат тешки преговори за составување на владејачка коалиција. 

Би можело да ве интересира

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски