Могерини побара европските земји да инвестираат во Тунис

Од:

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини денеска повика да се инвестира во Тунис, земјата која се обидува да ја заживее својата економија, јавија француските медиуми.

-Сакам да упатам многу силна порака, што ќе им биде јасна на сите Европејци: Тунис е навистина привилегирана земја, специјален партнер, рече Могерини, која се наоѓа во еднодневна посета на земјата, лулката на Арапската пролет.

„Да се инвестира во Тунис, во сегашноста и во иднината на Тунис, особено во туниската младина, е стратегиски приоритет за ЕУ“, рече првата европска дипломатка по средбата со шефот на дипломатијата Хмаис Жинави.

Могерини изјави дека успехот на Тунис е нешто исклучително важно за Стариот континент и потсети дека финансиската поддршка за оваа земја за 2017 година е зголемена на 300 милиони евра.

Ова двојно зголемување на помошта беше договорено со спогодбата склучена минатиот месец од 28-те членки на ЕУ.

Владата на премиерот Јусеф Шахед планира успех на инвестициската конференција, предвидена за крајот на ноември, за да ја заживее економијата, која настрада од нестабилноста, настаната по падот на диктатурата на Бен Али во јануари 2011 година.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ