„Шеесет години македонски роман” новата книга на Веле Смилевски

Од:

„Шеесет години македонски роман” е насловот на новата книга на  Веле Смилевски, која ја објави „Дијалог“ од Скопје по повод 60-годишниот јубилеј од појавата на првиот роман во современата македонска литература – „Село зад седумте јасени“ од Славко Јаневски.

Во своето научно дело од преку 250 страници Смилевски прави пресек на најзначајните појави во развојот на романот како еден од најатрактивните жанрови во македонската литература. Во студијата се опфатени дела од писатели од сите генерации кои во изминатите шест децении оставија печат во романескната уметност. Во посебен дел на книгата се фрагменти од романите на 30 македонски автори, како и исцрпни био-библиографски белешки за застапените писатели.

Веле Смилевски е научен советник во Институтот за македонска литература и професор на Студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Автор е на 15 книги од областа на книжевната наука, меѓу кои: „Книжевни посланија“, „Аспекти на македонската литература 1945- 1980“, „Димитар Митрев како полемичар“, „Литературни студии: Творештвото на Блаже Конески, Петре М. Андреевски и Горан Стефановски“, „Процеси и дела“, „Фокусирања“ и „Критички нотес“.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање