Дводневни воени вежби започнаа вчера со учество на Република Кипар и Израел на територија на средоземноморскиот остров.
Вежбите се спроведуваат во рамки на годишната програма за воена соработка меѓу двете земји.
Според соопштението на кипарското Министерство за одбрана, маневрите се одржуваат во зоната на летови на Никозија и на голем дел од копненото пространство на Кипар.
Учествуваат единици на кипарската Национална гарда, како и авиони на израелските воено воздухопловни сили.