Најмалку 20 лица беа убиени денеска во двојниот напад со автомобили-бомби во реонот на сириската престолнина Дамаск, соопшти опозициската група Сириски центар за набљудување на човековите права.
Претходно, сириските државни медиуми јавија за неутврден број загинати во двојниот бомбашки напад на централниот плоштад во Џараманана, десет километри југоисточно од Дамаск, при што биле предизвикани големи штети..
Џарамана е населен претежно со христијани. Поголемиот дел од локалните жители го поддржуваат режимот на Башар ал Асад.
Во последните месеци во градот беа извршени неколку напади.