Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на најновата ранг листа на ВТА нема промена и остана на 200.та позиција, додека најдобра тенисерка за 2016 година е Германката Анжелик Кербер.
Ѓорческа остана со 274 поени во поединечна конкуренција, а во конкуренција на двојки се наоѓа на 137 место и има скок од две места со 504 поени.
Втората македонска тенисерка која има ранг, Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.156 место со 5 поени, додека во игра на двојки се наоѓа на 1082 место со 12 поена.
На врвот на ВТА листата Кербер е прва со 9.080 поени, пред Серена Вилијамс која има 7.050, Агнешка Радванска е трета со 5.600, Симона Халеп има 5.228, додека на петтото место е Доминика Цибулкова со 4.875.