Младиот тим на Метаулрг 2 направи големо изненадување со победата над Пелистер во рамките од 8.коло на ракометната македонска Суперлига.
На средбата одиграна во Битола, иако домашниот тим на Пелистер важеше за фаворит сепак вториот тим на Металург докажа дека фаворитската улога треба да се докаже и потврди на теренот.
Со големата борбеност која ја прикажаа во текот на целиот меч и погодокот на Видовме вистинска спортска драма која заврши со голот на Арсеновски на три секунди пред крајот на мечот ракометарите на Металург заслужено се радуваа на победата од 32-31 полувреме 15-15, нанесувајќи му го на битолскиот тим вториот пораз сезонава.
Во другите натпревари од 7.коло на машката Суперлига беа постигнати овие резултати: Прилеп – ГРК Борец 33-30, Радовиш – Работнички 33-21, Пролет– Охрид 25-29 и Еурофарм Работник – Вардар J. 30-24.
Табела: Охрид 16 бода, Еурофарм Работник 16, Пелистер 16, Прилеп 15, Металург II 14, Пролет 13, Радовиш 13, Борец 5, Вардар Јуниор 4, Работнички 0.