Ирачкиот автономен курдски регион планира по ослободување на Мосул од Исламска држава повторно да го покрене прашањето за независноста, изјави денеска премиерот на областа Нечирван Барзани.
– Времето веќе созреало за тоа, но моментално се концентрираме на борбата против Исламска држава, рече Барзани за германскиот весник „Билд“.
Барзани наведе дека штом Мосул ќе биде ослободен ирачките Курди ќе се состанат со партнерите во Багдад и ќе разговараат за независноста.
– Ние не сме Арапи, ние сме Курди…Во некој момент ќе биде одржан референдум за независноста на Курдистан и тогаш ќе го пуштиме народот да одлучи, рече тој.