Борци од Исламска држава изгореа живи деветмина свои соборци во центарот на ирачкиот град Мосул, јави денеска телевизијата Ал Сумарија, повикувајќи се на безбедносни извори од провинцијата Ниневија.
Деветмината биле запалени откако се обиделе да дезертираат, но биле фатени од лојални членови на ИД.
Дезертерите биле врзани, фрлени во ровови полни со нафта и запалени.