Исламска држава егзекутирала 284 мажи и момчиња во Мосул, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на ирачки разузнавачки извори.
Тие биле убиени вчера и завчера, а биле користени како жив штит во јужниот дел на тој град.
По егзекуцијата, со булдужер биле фрлени во масовна гробница, ја пренесува Си-Ен-Ен изјавата на изворот кој инсистирал на анонимност, бидејќи не бил овластен да дава изјави.
Засега нема независна потврда на оваа информација.