Конгресот на локални и регионални власти задоволен од спроведувањето на Повелбата за самоуправа во Хрватска

Од:

Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа усвои препорака за состојбата со локалната и регионалната демократија во Хрватска, по мониторинг посетата во 2016 година во Загреб, Риека, Омишаљ и Крк, јави дописникот на МИА.

Инаку, ова е трет мониторинг извештај од ратификацијата на Европската повелба за локална самоуправа во Хрватска во 1997 година, подготвен од страна на коизвестувачите Лузет Крун од Холандија и Оле Хаабет од Норвешка.

Известувачите со задоволство го забележаа фактот дека Повелбата за локална самоуправа е целосно интегрирани во хрватското национално законодавство, со што се засоволени барањата на Конгресот да се постигне целосна примена на сите одредби од Повелбата.

Тие, исто така, го поздравуваат воведувањето на директни избори за градоначалници и жупани во 2007 година и воспоставувањето на политика за финансиска еднаквост.

Конгресот, сепак, изрази загриженост за неколку прашања, вклучувајќи пред се соодветните ресурси кои се на располагање на локалните и регионалните власти за остварување на нивните надлежности, намалување на локалната даночните приходи и недостигот на формални консултации со локалните и регионални претставници.

Конгресот му препорачува на Загреб да воспостави јасна листа на поделбата на надлежностите на различните нивоа на власта и да се донесе закони за постапките за консултации со претставници на локалната власт. Конгресот, исто така повика да се разгледа распределба на финансиски средства, така што тие да бидат пропорционални со овластувањата на локалните власти и да се разгледа законот од 2015 година со цел да ги направат попривлечни доброволните фузионирања на единиците на локалната самоуправа.

Конгресот ги повикува хрватските власти да го потпишат и ратификуваат Дополнителниот протокол на Европската повелба за локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ