Конгресот на локални и регионални власти расправаше за изборите во Србија

Од:

Со исклучок на некои нерегуларности, гласањето на локалните и покраинските избори во Србија беше спроведено „мирно и на уреден начин, генерално во согласност со законите“, оцени денеска Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа.

Како што јави дописникот на МИА, ваквата оценка е создржана во извештајот на известувачот Карим Ван Овермајер од Белгија за изборите за органите на локалните власт во Србија и за покраинските избори во Војводина, кои се одржаа заедно со парламентарните избори во земјата на 24 април 2016 година.

Во документот се нагласува дека „клучниот момент на пребројувањето на гласовите се покажал како тежок, поради недостиг на јасни правила и упатства, што доведе до технички грешки и процедурални нерегуларности“.

Во извештајот се истакнуваат неколку области за подобрување кои би можеле да бидат испратени до српските власти.

Прво, треба да се ревидира законодавството за регистрација на гласачи и кандидати, со цел да се подобри точноста на избирачките списоци и да се обезбедат јасни критериуми за запишување на листите на кандидати, кои ги претставуваат националните малцинства.

Второ, да се подобри практичната организација на изборите, особено со намалувањето на бројот на членовите на избирачките одбори.

И на крај, треба „систематски да се испитаат наводите за купување гласови и злоупотреба на јавните средства“.

– Исто така, слободата на медиумите и условите за работа на новинарите треба да биде во фокусот на интересот во Србија, за да им се овозможи на гласачите да имаат јасен избор, заклучи Конгресот.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски