Конгресот на локални и регионални власти на СЕ повикува за подобрување на правата на Ромите

Од:

На својата 31 сесија во Стразбур, членовите на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа го разгледаа извештајот за состојбата на Ромите во Европа.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, во извештајот претставен од Џон Вармишам од Велика Британија се нагласува дека во Европа се бележи пораст на екстремизмот и ксенофобијата, кои заедно со бегалската криза, придонесуваат за зголемена дискриминација на Ромите.

– Омразата кон Ромите е една од најголемите пречки за подобрување на состојбата на припадниците на ромската заедница во Европа. Кога еден градоначалник не сака да се најдат средства за подобрување на патиштата или канализација во ромските населби, бидејќи се плаши дека нема да биде реизбран, тоа претставува омраза кон Ромите. Или кога властите не прават напори да се регистрираат новороденчињата, кои потоа растат без документи за идентификација, а со тоа никогаш не може да се регистрираат за да одат на училиште или да добијат социјални услуги и помош за вработување, што претставува структурна дискриминација, вели Вармишам, нагласувајќи ја важноста од вистинска свест за сериозноста на ситуацијата на европско ниво.

Конгресот ги потсетува локалните и регионалните власти на нивната одговорност за обебзедување на економските и социјалните права на Ромите особено во образованието, домувањето и здравството.

Потребна е осуда на говорот на омраза, административна обука на персоналот, како и образовни и интеркултурни иницијативи, се наведува во извештајот и се апелира за размена на искуства, особено преку Сојузот на градови и регионите, за инкузивност на Ромите.

На национално ниво, Конгресот ја нагласува потребата за донесување на политики против дискриминација за да се обезбеди правна и социјална еднаквост на Ромите.

Тој ги повикува владите да воспостават законска рамка за спречување на институционалната омраза кон Ромите и нејзините манифестации, како што се гетата, сегрегацијата во училиштата и присилните иселувања.

Потребни се законски решенија, за да им се овозможи на жртвите на омразата да добијат компеззација и истовремено да се спречат други акти на дискриминација, порачува Конгресот.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on