Сесија на Конгресот на локалани и регионални власти на Советот на Европа

Од:

Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа денеска ја започна својата 31. сесија на тема „Спречување на корупцијата и промовирање на јавната етика на локално и регионално ниво“.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, на оваа сесија се очекува да стане збор и за подобрување на инклузивноста и промовирањето на доброто владеење на локално ниво, како и за „несоодветно користење на административни ресурси за изборна кампања и улогата на локалните и регионалните избрани претставници“ и за „етиката и транспарентноста на локално и регионално ниво“.

Конгресот, исто така, ќе дискутираат и за неколку извештаи за состојбата на Ромите во контекст на растечкиот расизам и ксенофобијата, учеството и застапеноста на жените во локалните и регионалните власти, како и за стратегијата за борба против радикализацијата на локално ниво.

На агендата е и дебата на тема „Социјални права во Европа: имплементација на Европската социјална повелба на регионално ниво“.

Како дел од својата активност за следење на примената на Европската повелба за локална самоуправа, Конгресот ќе ги разгледа и извештаите за состојбата на локалната и регионалната демократија во Хрватска и во локалната демократија во Кипар. Пред членовите на Конгерсот ќе биде поднесен и извештај од мониторингот на локалните избори во Ерменија и Србија.

Пред Конгресот ќе се обратат министерот за внатрешни работи на Естонија, чија земја претседава со Советот на Европа, како и министерот за територијална администрација и развој на Ерменија и генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.

Во работата на Конгресот ќе учествуваат и млади делегати на возраст од 16 до 30 години, кои заедно со членовите на ова тело активно ќе учествуваат во дебатите. Тие ќе ги презентираат проектите кои тие ги развиваат и имплементираат на теренот во рамките на иницијативата на Конгресот – „Да се подмлади политиката.”

За време на оваа сесија се очекува да бидат донесени и приоритетите Конгресот за периодот 2017-2020 година, како и обновување на делегациите и избор на нов претседател на Конгресот и на советите за регионални и за локлани власти.

Работата на Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа ќе трае до 21 октомври.

Би можело да ве интересира

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото

Ана Ололовска

СЕ: Војната во Украина, Ковид-19 и климатските промени – главни предизвици за националните малцинства во Европа во 2020-2022 година

Ана Ололовска

Пејчиновиќ- Буриќ: Почитувањето на принципите на демократска безбедност бара политичка волја

Ана Ололовска

Косово официјално аплицираше за членство во Советот на Европа

Ана Ололовска