Медиуми: Јапонија ќе и предложи на Русија заедно да управуваат со спорните острови

Од:

Јапонија планира да и предложи на Русија заедно да управуваат со спорните Курилски Острови, со цел да се реши ова прашање кое 70 години создава тензии односите меѓу двете земји, објави јапонскиот весник „Никеи“.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе се надева оти ќе го убеди рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата на 15 декември да започнат преговори за предлогот, наведува весникот, повикувајќи се на јапонски и руски владини извори.

Спорот околу четирите острови, кои Јапонија ги нарекува Северни Територии, а Русија ги смета за јужен дел на Курилските Острови, претставува проблем за Москва и Токио да потпишат мировен договор за официјален прекин на Втората светска војна.

– Јас ќе го решам тој територијален спор и ќе ставам крај на неподносливата ситуација, во која немаме мировен договор веќе 71 година по Војната, и ќе создадам услови за јапонско-руска соработка во области од економијата и енергетиката, изјави пред еден месец јапонскиот премиер во Парламентот.

Меѓутоа, портпаролот на јапонското Министерство за надворешни работи, Јасухира Кавамура ги отфрли тврдењата на весникот „Никеи“ дека Јапонија планира да и даде таков предлог на Русија, нагласувајќи дека „нема промена во позицијата на Токио“.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови