Владата на Кувајт поднесе оставка поради „недоволна соработка“ од страна на Парламентот.
Кувајтскиот емир Шеик Сабах ал Ахмад ал Сабах го распушти Парламентот по ваквата одлука на Владата, која беше усвоена на вонредна седница на кабинетот.
Последните парламентарни избори во Кувајт се одржаа во 2013 година. Тогаш некои исламистички групи и опозицијата го бојкотираа гласањето за 50-члениот законодавен дом.
Согласно Уставот, предвремените избори треба да се одржат за два месеца по распуштање на Парламентот.
Претседателот на Парламентот, Марзук ал Ганим вчера повика за одржување предвремени избори, за да може Кувајт да се избори со предизвиците во економијата и безбедноста, со кои се соочува.