Голманот Дарко Арсиќ со 16 одбрани, од кои и „зицер“ во последните секунди беше еден од најзаслужните во победата на Металург над шпанската Ла Риоха остварена вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со 24:23 (11-9).
Покрај Арсиќ голема заслуга за триумфот на тимот од Автокоманда имаат и Милош Драгаш и Немања Обрадовиќ кои по седум пати се запишаа во листата на стрелците.
Во групата Ц од 4. коло на Лигата на шампионите денеска уште играа Татран Прешов – Елверум 25-27, а вечер е мечот Монпеље – Чеховски Медведи.
Табела: Ла Риоха 5 бода, Елверум 5, Чеховски Медведи 4, Металург 4, Монпеље 2, Прешов 2.
Утре во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ македонскиот шампион Вардар го пречекува унгарскиот претставник ПИК Сегед. Овој натпревар е во рамките на 4.коло од Б групата.