Владата на Никарагва мора да откаже од договорот за изградба на големиот канал што треба да ги поврзе Пацификот и Атлантикот, затоа што со него се газат човековата околина и правата на луѓето- заклучува Меѓународната федерација за човекови права (ФИДХ).
Во извештајот на федерацијата се вели дека за околу 120 илјади никарагвански селани, не постои начин тие да бидат преселени, а дека компензацијата што им се нуди е премногу мала.
Претседателот на ФИДХ, Димитриос Христопулос изјави дека зачувувањето на човековата околина и на природата, како и на правата на селските заедници, не претставува луксуз, туку обврска.
„Овие проекти ќе имаат драматичен удар врз екологијата и врз луѓето. Незамисливо е да се распродава територија на ваков начин„- рекол Христопулос.
Изградбата на уште еден канал којтреба да ги поврзе двата океани, покрај постоечкиот Панамски Канал, почна во декември 2014 година.
Изградбата и е доверена на еден кннески конзорциум и таа треба да чини 50 милијарди долари.
Никарагванската влада му го даде под концесија каналот на кинескиот конзорциум , за период од 116 години.
ФИДХ тврди дека при правењето на договорите, не биле испочитувани никарагванските закони.
Владата во Манагва, засега, не реагирала на заклучокот на Меѓународната федерација за човекови права. Претходно, владата го бранеше проектот како можност тој на земјата да и донесе развој и витални инвестиции.
Новиот канал е подолг од оној во Панама, но планирано е да биде и поширок и низ него да минуваат и најголемите танкери кои сега не може да минат низ Панамскиот Канал и покрај неговите последни проширувања.
Селаните и никарагванската опозиција се противат на изградбата на каналот, а селаните повеќепати досега протестирале пред седиштето на владата во главниот град Манагва.