Турските власти не прават принципиелна разлика меѓу терористите од Исламска дрпава (ИД) и членовите на Курдската работничка партија (ПКК), нагласи денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во говор на есенската сесија на Парламнетраното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).
– Ние продолжуваме да се бориме против тероризмот независно од тоа какви форми има тој, За нас нема принципиелна разлика меѓу ИД и ПКК, сето тоа е зло и тероризам, наведе Чавушоглу.
Турскиот министер за надворешни работи во обраќањето ја обвини дека ЕУ не брза да ги исполни обврските за финансиска помош за сириските бегалци.
– Од ветените три милијарди долари ЕУ досега исплати само 179 милиони долари. Ни велат дека одлагањето е поврзано со бирократски процедури, но кога станува збор за толку сериозни прашања неопходно е да се предвидат механизми за забрзување на процедурата, истакна Чавушоглу.
Тој додаде дека Анкара досега потрошила 15 милијарди долари за три милиони Сиријци што се на нејзина територија како бегалци.
– Од 800 илјади сириски деца на територијата на Турција, само околу 300 илјади имаат можност да одат на училиште, рече во говорот Чавушоглу.
По обраќањето на средба со новинарите, како што јави дописникот на МИА од Стразбур, турскиот министер рече дека Турција може да престане да ги прима назад бегалци од Грција, ако ЕУ не одлучи да ги укине визите за нејзините граѓани.
Чавошоглу рече дека Анкара со Брисел постигнала договор за три прашања – за мигрантите, за укинување на визниот режим и за приемот на бегалци.
Турскиот министер истакна дека Турција и ЕУ се согласиле дека овие три прашања се меѓусебно поврзани, што сите лидери на ЕУ досега го негираа, бранајќи се со преговорите во Брисел со Анкара околу „договорената трговија“ по прашањата на бегалците.
– Договорите околу овие три прашања треба да се применат. Не може само еден да се спроведе затоа што некој има корист од него, а другите да не се применуваат. Тоа е суштината на нашиот договор, рече Чавошоглу.
Турскиот министер истакна дека тоа не е закана за Европа, ни за Европската унија, но дека сите овие договори беа потпишани за да бидат спроведени. Тој додаде дека неговата земја ги исполни сите свои обврски.