Фестивал на органска храна

Од:

Под мотото „Здраво секојдневие и начин на живот“ денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи 6. Фестивал на органска храна. 

Целта на фестивалот е да го промовира користењето на органските производи како важен сегмент во секојдневната  исхрана.

Организирани ќе бидат дебати за предностите на органската храна, за здравјето на секој поединец и неговите најблиски, јога работилници за деца и возрасни, дебата со нутриционисти околу здравиот начин на исхрана, како и работилници за најмалите.

Во изложбениот дел е предвидена презентација и дегустација на производи од преку 20 органски производители и компании кои нудат органска козметика, органски мед, органски зеленчук, органско овошје,…

Фестивалот на органска храна ќе трае од 10 до 18 часот, а го организира Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Николовски: Новиот регистар на органски оператори од денеска е достапен за потрошувачите

Наум Локоски

Дегустација, едукација и забава на Фестивалот на органска храна во Градски парк

Ана Ололовска

Во Крива Паланка промовирана брошура „Чекор по чекор до органско производство“

Ана Ололовска

Работилница: Органското производство може да биде поевтино од конвенционалното

Ана Ололовска

Јакнење на Мрежата за органско производство

Ана Ололовска

Органски се само производите со националната ознака – сонце околу кое вирее фиданка

Ана Ололовска