Група истражувачи открила дека добивањето на здравствена програма за одвикнување од пушење преку СМС на мобилните телефони може да биде ефикасна во борбата против таа зависност.
Научниците од Универзитетот во Оукланд, Нов Зеланд, дошле до тој заклучок извршувајќи анализа на резултатите од пет истражувања во кои учествувале 9.000 кандидати за одвикнување од пушењето на сите возрасти и кои биле пријавени за програмите наменети за одвикнување преку мобилен телефон.
Учесниците секојдневно добивале текстуални и видео содржини со совети и пораки со охрабрување за да им се помогне во престанувањето на пушењето.
Лицата кои учествувале во програмата преку мобилен имале во просек два пати поголеми шанси да ја прекинат зависноста, по шест месеци следење на програмата, објавено е во колекцијата на базата на медицински податоци (Cochrane Library).