Кошаркарите на Сан Антонио ја продолжија низата победи откако ноќеска по две продолженија славеа на теренот на Торонто и сега од осум натпревари одиграни на гостински терен имаат седум победи. Најефикасен кај победникот беше Тони Паркер со 32 поена, додека Тим Данкан заврши со 26.
На ноќеска одиграните натпревари беа постигнати следниве резултати: Торонто – Сан Антонио 106:111 (по две продолженија), Њујорк – Детроит 121:100, Бруклин – Портланд 98:85, Филаделфија – Феникс, 104:101, Орландо – Бостон 110:116 (продолжение) и Денвер – Њу Орлеанс 102:84.
Вечерва играат: Бруклин – Њујорк, Вашингтон – Сан Антонио, Детроит – Портланд, Чикаго – Милвоки, Мемфис – Кливленд, Оклахома Сити – Шарлот, Јута – Денвер и Лос Анџелес Клиперс – Њу Орлеанс.
Пласман во Источната конференција: Мајами 10-3 (победи-порази), Њујорк 9-3, Бруклин 8-4, Атланта 8-4,…
Пласман Западната конференција: Мемфис 9-2 (победи-порази), Сан Антонио 11-3, Оклахома Сити 10-4, ЛА Клиперс 8-5.