Конзервативците кои се на власт во Полска гласаа во парламентарна комисија за отфрлање на нацрт-закон со кој требаше да биде целосно забранет абортусот во државата. Тоа се случува по 48 часа откако во државата се одржаа масовни демонстрации за тој проект во кои протест изразија повеќе од 100.000 луѓе.
Гласањето во парламентарната комисија измина по бурна дебата до доцна синоќа.
Гласањето против законот најверојатно е промена на ставот на владејачката Право и правда кои досега го поддржуваа законот.
Според поранешната премиерка Ева Копач „владејачката структура се исплашила од демонстрантите и затоа ја промениле позицијата“. Копач додаде дека битката не е завршена бидејќи законот треба да биде отфрлен од сите пратеници.