Дел од преговорите за кипарското прашање ќе се водат и во странство

Од:

Лидерите на двете кипарски заедници, за едно од прашањата во рамки на преговарачкиот процес за решавање на кипарскиот проблем, веројатно ќе преговараат во трета држава.

Оваа солуција стана појасна по денешната средба меѓу претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадис, и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Аканџа, информира електронското издание на кипарскиот грчки весник „Политис“.

Средбата траеше три часа и од Анастасиадис беше оценета како „продуктивна“.
На неа двајцата лидери имаа можност да ги разгледаат спорните прашања и да ги изложат своите позиции.

Договорено е Анастасиадис и Аканџа во октомври да имаат девет или десет средби, за да можат да се обидат ги надминат разликите.

Доколку се забележи напредок, што ќе дозволи преговорите да преминат во нова етапа, како што е спорот за територијалните претензии, има веројатност лидерите да се сретнат во трета држава.

Кипар е разделен од 1974 година, кога неговиот северен дел беше окупиран од Турција како одговор на националистичкиот државен преврат, што имаше за цел островот да го присоедини кон Грција. Тоа предизвика загриженост кај турското малцинство во Кипар и воена интервенција од Турција, а подоцна во северниот дел на островот беше формирана Севернокипарска турска република, која досега е призната единствено од Анкара.

Лидерите на двете кипарски заедници преговорите за повторно обединување на островот ги обновија во мај 2015 година.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ