Речиси една петтина деца од земјите во развој ширум светот живеат во екстремна сиромаштија, односно вкупно 385 милиони, се наведува во најновиот извештај на Групацијата на Светска банка и УНИЦЕФ.
Во 2013 година 19,5 отсто од децата во земјите во развој живееле во семејства со приходи од 1,90 долари дневно или помалку, во споредба со само 9,2 проценти од возрасните, се додава во извештајот, насловен како „Крај за екстремната сиромаштија: да се фокусираме на децата“.
Најголем број деца живеат во екстремна сиромаштија во Подсахарска Африка, односно над 50 отсто, додека 36 проценти живеат во Јужна Азија, а 30 отсто во Индија.
Светската проценка за децата, кои живеат во екстремна сиромаштија, е врз основа на податоците од 89 земји, кои претставуваат 83 отсто од светската популација на земјите во развој.