Политика – Белград
Распадот на Југославија создаде „политичка лабораторија”, која манипулирајќи со митовите и развојот, го уништи суверенитетот и идентитетот. Идентитетот стана „колективна работа” и колективен интерес, а инструментализацијата на идентитето е норма која мора да се докаже во услови кои ги наметнуваат глобалните моќници.
Инстант демократизираните „регионални играчи” денес се извинуваат за минатото, оперативно користејќи ги новите „зборот амеби”, „човекови права”, „регионален потенцијал”, „нерешени прашања” или „надворешен мир”, а посебно „праведност”, намерно заборавајќи на латинската реченица „Quod licet Iovi, non licet bovi” (што е дозволено на господарот, не им е дозволено на поданиците). Во денешниот свет доминира лингвистичката, универзална комуникација, а во регионалните односи партикуларна демагогија со атрибути на „победник и поразен”.
Контролорите на социјалната неизвеснот денес стануваат и контролори на управување со политиката.
Остварена е Кафкината мисла дека лагата ќе биде претворена во општо правило. Тоа го промовираат бирократите на ЕУ и глобалната капиталистичка олигархија. Еден од резултатите е безгранична ароганција спроти културата, филозофијата и уметноста. Универзалното подрачје на општествената одговорност и солидарност исчезнува во корист на парадоксалниот интерес на поединецот како субјект на напредокот и развојот на транснационалните корпорации.
Управувањето со кризата и инструментариум на „малите, наши глобалисти” кои дневно „принесуваат жртва” на Брисел, Вашингтон, Берлин… Управувањето со политиката добива благослов само со нострификација на комисиите, известувачите, преговарачките поглавја, Светска банка, ММФ. Производството на конфликти е инструмент со кој се дијагностицира болеста. Рецептот за „братството и единството” станува „милениумска омраза”, која дозирана, прераснува во кооперативност и добрососедски односи.
Интелектуалните и уметничките елити речиси секаде во светот се маргинализирани, а „политичките елити” се доминанти бидејќи истакнуваат вредности кои се совршен одраз на глобализмот, технологијата и „современоста”. Човековите права, кооперативноста, мирот во регионот, се само дел од дневно-политичкиот вокабулар во балансирањето на „политичките елити” со цел за популистичко идентификување. Контролирано се наметнуваат ефемерни теми додека се спроведува „колонизација на свеста” и „морален империјализам”.
Со поинаков јазик кажано, народ кој не управува со општеството, тој недостаток го заменува со бирократско-воен деспотизам.
Земјите на Балканот се увозници на странски вредности и цивилизациски модели без критички отпор. Некои теоретичари ја гледаат ЕУ како „царство”, но со кралски манири, која не освојува територии со војувања, туку со привилегии и повластици.
Евробирократите заговараат цивилизациски, административен и населенички колонијализам, како и обезбедување на услови за легален и непречен проток на капиталот со ефтина работна сила.
Иако номинално заговара вредности на помирување и соработка со земјите од регионот, ЕУ наметнува глобална империјална стратегија со пакет образци на нееднаквост, хиерархија, ексклузивност и моќ која постојано го поставува прашањето за своите граници.
„Менталните излети” на актуелните лидери се само дневно-политички лакмус за балансирање на остварувањето на глобалните цели на капиталот.
Како да се очекува прогрес во односите меѓу Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, кога граѓаните, како во грчки театар, живеат конфузна демократија во која константно ги тераат „демократски” да се изјаснат за Европа? Да се биде Европјанин е состојба на умот, борба за европско хуманистичко општество во чиј центар идејата за очовечување е на патот кон вистината и праведноста и за живот во праведен свет. Дневната пауперизација на интелектот од субјектот направи објект. Идејата за слободата граѓанинот ја земени со состојбат на пауперот. Регионот е само имагинарен поим ослободен од човечноста и економската слобода. Без вистинска слобода, нема ни прогрес.