Мексиканските власти во текот на минатата ноќ евакуираа над 300 лица во сојузната држава Колима, откако еруптираше вулканот на истоимената планина.
Вулканот Колима, кој е еден од најактивните во Мекиско, започна да исфрла пепел и лава, а од него се крева и црн густ чад.
Поради ерупцијата затворен за сообраќај е и блискиот аеродром „Мигел де ла Мадрид Уртадо“.
Евакуацијата се однесува на сите жители чии домови се наоѓаат во радиус од 12 километри од вулакнот, кој е висок 3.800 метри.
Во последниве 450 години регистирнаи се над 40 ерупции на вулканот Колима. Подледната голема ерупција се случи на 6 јуни 2005 година.