Во трговијата на мало, во август годинава, во споредба со август лани има зголемување на прометот кај трговијата со храна, пијалаци и тутун, со непрехранбени продукти и во трговијата со горива.
Според податоците на Државниот завод за статистика, кај трговијата со храна, пијалаци и тутун има зголемување за 11,4 проценти номинално, а реално за 11,8 проценти, во трговијата на мало со непрехранбени продукти освен гориво номинално за 25, а рално за 24 проценти и во трговијата на мало освен трговија со горива номинално за 18,6, а реално за 18,4 проценти.