На плоштадот „Мајка Тереза“ пред Македонска опера и балет синоќа почна јубилејниот 10. фестивал на виното „Вино Скоп 2016“.
До недела, 2 октомври, посетителите ќе може да дегустираат вино од десет најдобри македонски винарници, како и вински коктели – сангрија и вино мохито. Ќе има и вкусни мезиња од македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомесни производи.
„Вино Скоп“ ќе понуди музичка за сите вкусови, џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно и шлагери. Предвидени се настапи на Миле Кузмановски, Јаков Дренковски, Ефто Пупиноски, Владо Јаневски, Амадеус Бенд, Куку Леле, Ристо Самарџиев, Иван Гавриловиќ, Џафер, Чил Плеј, Ортодокс Келтс, Лили Чили,…
Влезот како и секоја година е бесплатен, а ќе биде отворен за посетители од 12 часот до доцните вечерни часови. Плаќањето на виното е со фестивалски бонови, кои може да се купат на влезовите на фестивалот.
За реализација на „Вино Скоп“ што традиционално го организира „Темов“, Градот Скопје издвои 700.000 денари.