Волонтерска група, која спасува цивили од разурнатите објекти во Сирија, е еден од добитниците на годинешната „Награда за правилен живот“, која често се нарекува и „алтернативна Нобелова награда“.
Наградата за правилен живот (Right Livelihood Award) за 2016 година им е доделена на волонтерската група позната како „Бели шлемови“, на египетската активистка за правата на жените Мозан Хасан, на египетската феминистичка организација Назра, на Русинката Светлана Ганушкина и на турскиот независен весник „Џумхуриет“.
На добитниците на оваа престижна награда им следува и паричен надомест од 350.000 долари.
„Алтернативната Нобелова награда“ почна да се доделува во 1980 година, а основач е шведско-германскиот филантроп Јакоб вон Уекул.