Емирот на Катар со критика за политика на Обама кон Сирија

Од:

Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани упати вчера критика до политиката на американскиот претседател Барак Обама кон Сирија.

Катар е голем критичар на сирискиот претседател Башар ал Асад и како и САД ги поддржува бунтовниците, кои се обидуваат да го соборат од власт.

Шеикот Тамим бин Хамад ал Тани ги критикуваше пред Генералното собрание на Обединетите нации т.н. „црвени линии“ на Обама.

– Пред режимот беа поставени црвени линии и тој го наруши. Но оние, кои ги поставија не сторија ништо, рече Ал Тани.

– Црвената линија почна да се поместува и на режимот му стана јасно дека што и да стори нема да биде одговорен, рече Ал Тани.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија